Семинар за поттикнување здрав и културен живот за време на наставата на учениците

Семинар по предметот физичко и здравствено образование денеска се одржа во просториите на Општина Аеродром на кој присуствуваа педагози, психолози и директори од градинките и основните училишта.

Семинарот го одржа Ѓорѓи Спасов, поранешен професор и декан на Факултетот за физичка култура од Скопје, кој зборуваше за начинот на оценување на крајот на учебната година, за едукација, доедукација на воспитувачите во градинките и предметните наставници, како и за индикациите и контраиндикациите и недостатокот на телесно вежбање.

Целта на семинарот, на кој беше прикажан и филм по физичко образование, како и видео снимки и цртежи за развој на моторичките способности,е да поттикне здрав и културен живот за време на наставата на учениците, но и во нивното слободно време. Наставниците добија и литература со чија помош можат да го интензивираат физичкото образование во наставата.