Семејно насилство во Волково: Син ја претепал мајка си

Осумдесет и три годишната Р.Т. вчера вечерта пријавила дека во дворот од нивната куќа во село Визбегово била физички нападната од страна на нејзиниот син Н.Т.(50).

Н.Т. ја удрил мајка си со две тупаници во пределот на главата и телото, по што таа паднала на земја и се здобила со видливи повреди во вид на оток и црвенило во пределот на главата.

На местото на настанот излегле полициски службеници. Се работи на расчистување на случајот.