Село Гари – убавина што треба да се доживее

Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие интерес­ни ме­ста што се гор­дост за гар­ци.

Свеж и чист воз­дух, тем­пе­ра­ту­ра мно­гу по­ни­ска од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, жу­бор на во­да и неве­ро­јат­на ве­ге­та­ци­ја – уба­ви­на што ја ну­ди Ма­ке­до­ни­ја, а мал­ку­ми­на ја ко­ри­стат. За убавините на селото Гари, република.мк има прекрасна репортажа, која секој ќе го измами уште утре да замине таму.

Ве­лат мијачки­от крај е еден од нај­у­ба­ви­те кра­и­шта во зем­ја­ва. При­чи­ни да се по­се­ти ме­сто­то во па­зу­ви­те на Би­стра и на Сто­го­во има мно­гу. Не­до­пре­на­та при­ро­да на 1.100 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на е ви­стин­ско ме­сто за од­мор, но, ка­ко што ве­лат ста­ри­те гар­ци, са­мо за тие што зна­ат да ужива­ат и ја са­ка­ат при­ро­да­та.

Га­ри жи­вее во ле­то. Во зи­ма жи­вот има во две-три ку­ќи. Но во ле­то гар­ци се вра­ќа­ат до­ма. Дел од ку­ќи­те се со­се­ма но­ви или об­но­ве­ни, во пре­поз­нат­ли­ви­от и ори­ги­на­лен охрид­ско-кру­шев­ски стил на гра­де­ње. Ре­чи­си се­ко­ја ку­ќа е пол­на и отво­ре­на за тие што ре­ши­ле да го по­се­тат се­ло­то.

Се­ло­то со око­лу 100 ку­ќи пле­ни со сво­ја­та ин­те­рес­на ар­хи­те­кту­ра, кла­ден­ци­те со сту­де­на во­да, ин­те­рес­на­та по­ста­ве­ност под па­ди­ни­те на две­те пла­ни­ни. По­ра­но ова би­ло зби­е­но се­ло, по­крив до по­крив. Де­не­ска бро­јот на ку­ќи е на­ма­лен, но пар­це­ли­те ни­кој не ги про­да­ва. Ако го про­да­дат ме­сто­то, уми­ра пре­зи­ме­то, фа­ми­ли­ја­та гас­не, се би­ти­су­ва. Ку­ќа­та ко­га ќе ја про­да­деш и да има кој да го нас­ле­ди пре­зи­ме­то, тоа уми­ра.

На­се­ка­де око­лу Га­ри има по­ста­ве­но клу­пи на кои мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­от пог­лед. Над се­ло­то се на­о­ѓа крст, ка­де што на клу­пи­те че­сто ќе срет­не­те лу­ѓе што ужи­ва­ат во уба­ва­та гле­тка. До не­го се до­а­ѓа лес­но. Гар­ци рас­ка­жу­ва­ат де­ка е по­да­рок од нив­ни зем­јак.

Пр­ва­та де­сти­на­ци­ја на си­те што одат кон Га­ри и кон Ла­за­ро­по­ле е мо­стот Елен­ски скок, из­гра­ден во пер­и­о­дот на тур­ско­то вла­де­е­ње. Жи­те­ли­те има­ат по­ве­ќе ин­те­рес­ни при­каз­ни за мо­стот. Ед­на­та ве­ли де­ка е из­гра­ден по на­ред­ба на тур­ски бег, кој за вре­ме на лов ра­нил елен, кој бе­гај­ќи од свои­те го­ни­те­ли, иа­ко бил ра­нет, ус­пе­ал да ја пре­скок­не Гар­ска Ре­ка, а по­тоа умрел. Бе­гот ре­шил на тоа ме­сто да се из­гра­ди мост, кој ќе прет­ста­ву­ва сим­бол на хра­бро­ста, че­ста, си­ла­та и бор­ба­та во ко­ја се истра­ју­ва до пос­ле­ден здив. Овој мост се на­о­ѓа на ме­сто­то ка­де што ми­ну­вал некогашни­от рим­ски пат Виа Иг­на­ци­ја.

Во се­ло­то се на­о­ѓа ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, од 1860 го­ди­на. Во неа иконостасот е изра­бо­тен од жи­те­ли на се­ло­то, Фи­лип, Пе­тре и Мар­ко Да­бо­рес­ци. Во гор­ни­от кат од цр­ква­та е ода­ја­та за не­ве­сти­те и за де­вој­ки­те. Ту­ка, ако пог­лед­неш на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гледа око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, покрај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци. Во цр­ква­та се на­о­ѓа­ат и ко­ски од све­тец, кои, ка­ко што рас­ка­жу­ва­ат, им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на. Ко­ски­те се пре­ми­ва­ат со во­да, а со таа во­да бол­ни­от се мие. Од кој све­тец се ко­ски­те, ни­кој не знае, но се ве­ру­ва дека чу­до­твор­ни­те ко­ски им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на.

Во па­ди­ни­те на Сто­го­во, на око­лу три ки­ло­ме­три од се­ло­то се на­о­ѓа ин­те­рес­на цр­ква „Св. Пе­тка“. Па­тот кон неа ќе ве оду­ше­ви. Го слу­ша­те жу­бо­рот на ре­ка­та, по­ми­ну­ва­те кон ин­те­рес­ни изворчиња, кои, бу­квал­но, из­ви­ра­ат од ка­ме­ња­та, зе­ле­ни­ло, ин­те­рес­на ве­ге­та­ци­ја. Са­ма­та цр­ква е сме­сте­на во зе­ле­ни­ло, до­лу под па­тот. Клу­пи за се­де­ње, чеш­ма со сту­де­на во­да, кам­ба­на­ри­ја…

По па­тот од цр­ква­та кон вр­вот на пла­ни­на­та се на­о­ѓа­ат ба­чи­ла­та. Та­му се пра­ви вкус­но­то гар­ско си­ре­ње. Ов­де мо­же да про­ба­те и леб пе­чен под сач, ка­ко и ов­чо мле­ко.

Се­ла­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка по­ра­но има­ло 25.000-30.000 ов­ци, се пра­вел нај­у­ба­ви­от ка­шка­вал, со ми­риз­ба што се ши­ре­ла низ це­ло­то се­ло. Ка­шка­ва­лот за­вр­шу­вал на аме­ри­кан­ски­от па­зар.

Ова е са­мо дел од тоа што мо­же да се ви­ди во Га­ри и да се слуш­не од не­го­ви­те се­ла­ни. Ве­ќе две го­ди­ни во се­ло­то по­стои ви­ла во ко­ја мо­же­те да прес­пи­е­те, да ја­де­те вкус­на тра­ди­ци­о­нал­на хра­на, да про­ба­те гар­ска па­стрм­ка. Оста­ну­ва са­мо да го по­се­ти­те се­ло­то и да ја по­чув­ству­ва­те уба­ви­на­та, ко­ја не се опи­шу­ва. И, се­ка­ко, да го пос­лу­ша­те де­до Бла­жо – оста­ве­те го лап­то­пот, до­жи­веј­те ја пла­ни­на­та.

 

 

cheap nike free run 5.0