Сексуалните работници утре на парада низ Скопје!

Сексуалните работници, стриптизерите, хот-лајн оператори, ескорт девојки и момци, нивните поддржувачи и секако, активистите за човекови права, утре на пладне ќе парадираат низ улиците на Скопје. 

Со црвени чадори во рацете, познатиот „Марш на црвените чадори“ ќе започне во 12 часот, на улицата „Македонија“, а поворката ќе оди се до плоштадот „Филип Втори“. Маршот се одржува традиционално по повод 17-ти декември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. 

Маршот го организира Граѓанската иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје. Настанот се организира во рамки на приклучување на Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Сексуалните работници ќе се соберат пред платото на Мајка Тереза, на улица Македонија. Организаторите се граѓанско здружение кое е поддржано од Министерството за здравство на РМ, Глобалниот фонд за борба против сидата, туберкулозата и маларија.