Секс со познат или со роднина – што значи секој ваш сексуален сон?

Сами или во врска, фантазијата на човекот секогаш работи. Според д-р Џенифер Паркер, ние најчесто сонуваме романтични настани или пак, неверства што вклучуваат личности кои ги познаваме. Имајќи го ова на ум, овие соништа никогаш не треба да се сметаат како одраз на вашите скриени желби и мечтаења.

Доколку сонувате соништа кои спаѓаат во табу теми, како на пример, секс со дечкото на вашата најдобра пријателка или девојката на вашиот брат, тогаш можеби чувствувате вина поради оваа содржина која ве тера да ја преиспитате вашата совест, барајќи докази дали навистина ве привлекуваат тие. Но, не грижете се, шансите дека сте заљубени во некој што не смеете се многу минимални, а и овие соништа најчесто воопшто не укажуваат на тоа.

Честите сексуални соништа се едноставно показател на возбудување и надеж дека конечно и вам ќе ви се случи малку акција. Хормоните играат огромна улога во оваа приказна, па затоа и жените пред својот месечен циклус се случува да сонуваат многу поагресивни соништа. Но, по неговото завршување, кога тие се чувствуваат попривлечно и чувствуваат поголема желба за секс, воопшто не треба да ве изненадува што нивните соништа се поисполнети со секси содржини.

Единствените сексуални соништа кои се блиски до реалноста, се оние кои го вклучуваат вашиот партнер. Или барем така тврдат резултатите од една неодамнешна студија. Соништата за вашите партнери, без разлика дали се добри или лоши, најчесто се одраз на вистинскиот статус на вашата врска. Па така, оние кои се задоволни од својата љубовна врска, особено од сексуалниот живот, сонуваат пријатни романтични или сексуални сценарија со нивните партнери, додека пак оние кои поминуваат низ кризи, истото го искусуваат и додека спијат.