Секојдневното консумирање на зелен чај може да направи чудо за вашето тело

Редовното консумирање на зелен чај има многу делотворно дејство. Поради флуорот зелениот чај помага во задржување на густината на коските, помага во превенција на ракот и срцевите болести, а и го зголемува нивото на енергијата.

Во студијата објавена во списанието „Nutrition Research” се наведува дека зелениот чај го успорува процесот на губење на коскената маса и го намалува ризикот од крешење предизвикан од остеопороза. Жените кои пиеле до три филџани зелен чај дневно имале 30 отсто помал ризик од остеопороза.

Зелениот чај исто така помага во превенција на ракот. Стапката на рак е пониска во азиските земји, како Јапонија, каде зелениот чај се пие секојдневно. Иако научниците не се сигурни дали единствено зелениот чај е причина за ниската стапка на рак, зелениот чај содржи EGCG, EGC, EKG, i EC хемикалии кои се познати по своето антиоксидантно дејство. Овие хемикалии можат да помогнат во заштита на ДНК клетките од оштетување, една од првите причини за појава на клетки на рак. Освен тоа, својствата на зелениот чај можат да помогнат во заштита на кожата од UV зраци кои се најголема причина за рак на кожата.

Исто така помага во одржување на телесната тежина. Редовно дневно консумирање на зелен чај го забрзува метаболизмот и полесно го согорува вишокот на калории, а екстрактот од зелен чај дури може да ја намали дебелината и болестите предизвикани од дебелина, како дијабетис.

Поврзан е со пониските нивоа на „лошиот” холестерол, а истражувањата покажуваат дека лицата кои редовно консумираат зелен чај имаат пониско ниво на холестерол од лицата кои не конзумираат зелен чај.

Според резултатите на многу студии, лица кои редовно консумираат зелен чај имаат пониска стапка на појава на пропаѓање на ткивото на непцата и крварење. Колку испитаниците почесто пиеле зелен чај толку имале помали симптоми за заболување на непцата.

Секојдневото консумирање на зелен чај го намалува ризикот од срцеви болести. Во истражување кое било спроведено во Јапонија учествувале 40.000 испитаници, а резултатите покажуваат дека испитаниците кои редовно конзумирале зелен чај имале 26 отсто помал ризик од добивање на срцев удар.

Зелениот чај исто така го зголемува нивото на енергија, а 230 милилитри од оваа течност содржи од 24 до 45 милиграми кофеин, поради што зелениот чај го подобрува нивото на енергијата и го намалува ризикот од настанок на главоболки, тресење и мачнини кои се појавуваат при претерано внесување на кофеин.