Секојдневната промена на времето придонесе за полнење на клиниките

Секојдневната промена на времето придонесе до полнење на клиниките. Од најмали до најстари. Сите бараат помош.

И додека едвај ги дочекавме топлите пролетни денови, тие со себе донесоа вируси, настинки и инфекции, а дополнителен проблем е и пролетната елргија.

Расте бројот на луѓето заболени од вирусни инфекции и грип. Болниците се полнат, вжештена е и линијата „Ало докторе“.

Дневно во просек се јавуваат повеќе од 100 заболени. На удар се хронично болните.

„Се работи за оние граѓани со хронични заболовања, бело дробни, срцеви заболувања коишто се на хронична терапија и за предучилишната возраст коишто исто така се со високи температури, високи температури, болки во мускули, повраќања и пролив“, велат лекарите.  

Лекарите советуваат покрај редовната терапија да се конзумираат повеќе течности и витаминска исхрана. Граѓаните пак на свој начин се справуваат со вирусите.