Секојдневна слика: Кога седнуваме на маса да јадеме, мама и тато гледаат во телефон, јас што да правам?

Денеска постојат илјадници работи за децата од музика што ќе ги направи паметни, играчки за развој на мозокот кај бебињата, најразлични спортски активности, училишта за странски јазици.

Родителите лесно се придобиваат со приказната дека одредена активност или направа ги подобрува вештините на нивните деца. Со текот на времето сè започнува да изгледа како трка. Но, децата уште од најрана возраст треба да поминуваат повеќе време во природа, за да не се затворат во себе.

Психолозите, семејните советници во последно време се почесто имаат работа со деца-тинејџери, односно деца во многу рана адолесценција, кои имаат мноштво проблеми заради различни влијанија.

Основците гледаат во телефоните, не комуницираат со останатите членови на семејсвтото, се изолираат, попуштаат на училиште, почнуваат да излегуваат, да влетуваат во врски, како и да не ги есапат нивните родители.

„Родителите треба да им бранат да користат телефон, да има ограничувања. Тинејџерот мора да сфати зашто е важно тоа. Родителот мора да соработува со детето, да има договор меѓу нив“, вели психологот Александра.Л.

Кога детето ги гледа мама и тато на телефон, и тие тоа го прават. Кога седнуваат на маса да јадат, мама гледа во телефон, детето што да прави?

Денешните родители не одвојуваат време за децата, не споделуваат работи, не се блиски.

Според истаржувањето на  ЕСПАД (European School Survey Project on Alkohol and Other Drugs) кое се спроведува во најголемиот број држави во Европа со ученици на возраст од 16 години, на секои четири години почнувајќи од 1995 година. Со него се опфатени и млади лица од Македонија.

„Најчесто младите се задоволни од односот на нивните родители кон нив (укажаната грижа и поддршка од родителите). Младите сметаат дека родителите најчесто знаат со кого и каде се нивните деца навечер. 50-60% млади сметаат дека нивните родители секогаш или често ги поставуваат правилата за однесувањето на нивните деца во домот и надвор. Поддршката и грижата е често обезбедена и од другарите“, се вели во истражувањето.

Денес скапо се плаќаат стручно водените програми за деца кои најчесто се во затворен простор, а од друга страна родителите ретко ги носат децата во природа, непланираната забава во природа е тоа што не чини ништо.