Секој успех има своја цена...

Кога ни е најтешко, само доколку не се откажеме, ако сфатиме дека ниту еден пад не е ништо друго освен тестирање, ако запомниме дека другите можат да не запрат на одредено време, но само ние можеме да се сопреме и кочиме себеси постојано и засекогаш, ќе сведочиме на фактот дека чудата се возможни и се случуваат.

Кога ќе сфатиме дека кога мислиме дека не можеме повеќе, дека баш тогаш најмногу можеме и мораме и ќе сфатиме дека дури и најтемната ноќ завршува со најсветлото утро. Токму во тие последни моменти, кога само најсилните остануваат, додека сите останати одамна се откажале, токму тогаш се случува вистинскиот успех.

Секој успех има своја цена...

Понекогаш ја плаќаме во онаа изворна финансиска смисла. 

Понекогаш ја плаќаме со она највредното – времето кое го инвестираме во постигнување на нашата цел. 

Сепак, најголемата цена ја плаќаме со излегување од зоната на удобност, со голем труд и заложби, преку големиот притисок кој го издржуваме, границите кои ги минуваме секогаш одејќи напред, а никогаш и по ниту една цена не се враќаме назад.

Цената ја плаќаме и со постојаната борба помеѓу двата волци кои се борат во секој од нас, секојпат кога ќе ги победиме нашите сомнежи и стравови, сите оние кои нѐ напаѓаат или лажно нѐ поддржуваат. Секојпат кога сме посилни од своите изговори. 

Секој успех има своја цена. 

И ниту една цена никогаш не може да се мир со чувството кое го имаме кога ќе го победиме најважното нешто – самите себеси. 

Секој успех има своја цена...

И неговата вредност секогаш ја надминува цената која сме ја платиле, сфаќајќи дека најубавиот поглед секогаш се покажува непосредно по најтешките искачувања и дека без плаќање одредена цена, ниту еден успех не би имал некаква вредност. 

Секој успех има своја цена...

И со насмевка на лицето ја плаќаат само оние кои знаат каде се наоѓаат и зошто тргнале по тој пат.