Секој што ќе продава или издава стан ќе мора да поседува сертификат за енергетска ефикасност

Секој што ќе продава или издава стан -  стар или нов ќе мора да приложи и документ  за тоа колку е енергетски  ефикасен. Новиот закон за енергетска ефикасност стапи на сила. Со него се предвидува контролор да направи проверка на ефиканоста на објектот и да му издаде сертифика на сопственикот. Според експертите со ова купувачот ќе знае што купува, ќе има претстава колку  според ефикасноста  е потршувачката на струја  во станот.

Со новиот закон освен станбените згради, овластени енергетски контролори ќе ја проверуваат енергетската ефикасни и големите претпријатија, организации. А ќе се прави контрола и  на објектите на  државните и јавните инситуции. Сепак според  според Димитров пропуст  во законот е тоа што  контролорите  се со помало образование од самите  инжењери.

Од денеска и секој што ќе сака да се откаже од градско парно ќе мора да поднесе доказ дека новото грејно тело што ќе го користи ќе биде поекономично од централното греење.  А секој што ќе сака да се врати на мрежата тоа ќе може веднаш да го стори.

Со носењето на овој закон земјава се усогласи со директивите на еу, обврска која беше дадено од европската енергетска заедница.