Секој хороскопски знак го очекува по една радост во мај

Полната месечина настапува на 7 мај што носи огромна позитивна енергија во животите на Шкорпиите, Раковите, Рибите и земјените знаци. Венера се наоѓа во Близнаци каде го почнува својот ретрограден од на 13 мај.

Каква среќа и нови почетоци ги очекуваат хороскопските знаци во мај?

Овен

Вие сфаќате дека треба да ги смените своите животни филозофии, ставови и учења. Имате голема храброст и практични вештини, но треба да ги усогласите со својот начин на живеење. Потребно е да се потрудите да ја сочувате хармонијата во својот љубовен живот.

Бик

Во вашиот живот доаѓаат пари од наследство. Ослободете се од своите стравови и уверувања дека вашиот живот е толку тежок. Усогласете го тоа што го чувствувате со тоа што треба да се смени во вашиот живот.

Близнаци

Доаѓа до големо чистење во партнерските односи. Се менува системот на уверување кога станува збор за љубовта. Доаѓаат големи промени и духовен раст. Доаѓа до голем сексуален апетит кој ќе треба да го канализирате.

Рак

Работите се придвижуваат на полето на работата, здравјето и секојдневниот живот. Не вреди да бегате од промените бидејќи ќе донесе само штета во вашиот живот. Одредени Ракови ќе соберат храброст да ја напуштат работата која не им носи задоволство. Ќе ги остварите своите недостижни цели, само ако ја послушате интуицијата.

Лав

Доаѓа до големо чистење во љубовта. Веќе ништо нема да можете да решавате на ист начин, бидејќи работите се менуваат. Доаѓа до голема реорганизација во вашиот живот. Бидете подготвени.

Девица

За Девиците доаѓа до средување на оние работи кои се поврзани со семејството, домот и болното минато. Можен е комплициран однос со мајката, некоја траума или доминација. Многу Девици конечно ќе го добијат тоа што го сакаат. Имате поддршка од планетите, па ќе се чувствувате многу моќно овој период.

Вага

Доаѓа до големи промени во комуникацијата меѓу роднините, соседите и во окружувањето. Вистинска прилика е да направите значајни промени во комуникацијата. Ѕвездите ви се наклонети во однос на финансиите. Сигурен е зголемен прилив на пари овој месец.

Шкорпија

Кај Шкорпиите ќе се промени односот кон сопствени вредности и финансии. Ќе се свртите кон духовниот дел од себе и ќе успеете да отстраните многу блокади во вашиот живот. Семејството не ви е во прв план, па повеќе ве интересира личниот и социјалниот живот. Венера ви дава и сексуален магнетизам.

Стрелец

Вие почнувате со демонтирање на старата личност па со самото тоа, се менуваат вашите уверувања, начин на размислување, мисија, изглед и тн. Сите успеси се пред вас, но низ партнерство со вистинските луѓе можете да постигнете навистина многу.

Јарец

Јарците завршуваат со нешто старо што не им е потребно веќе во животот. Тоа се однесува на инхибициите, зависноста и затворот кој си го создадовте за себе. Ако сте слободни, судбинска љубов е пред вас.

Водолија

Вие започнувате големи долгорочни планови. Се ослободувате од работите кои не ви служат и немаат никаква функција во вашиот живот. Се отвора можност за љубов и деца. Големи искушенија се пред вас, но ќе успеете да надминете сè, само полека.

Риби

Ќе успеете да се посветите на својата кариера, но нека не ве погодува што мислат другите за вас. Голема можност имате за финансиски успех.