Секој ден огромни колони кај мостот Близнаци, се вози и по тротоар

На потегот пред мостот Близнаци во општина Аеродром, па се до крстосницата кај Фершпед, веќе недели наназад возачите во главниот град се жалат дека „заглавуваат“ во огромна гужва. Во утринските и попладневните часови, кога фреквенцијата на возила е поголема, на овој булевар се формираат огромни колони во кои возачите за 20-тина минути минуваат премало растојание.

Веќе повеќе од еден месец, булаварот AСНОМ кој од мостот Близнак води кон нас. Ново Лисиче, е цалосно затворен за сообраќај, а на терен има огромнен ископ во кој се извршуваат зафати околу хидротехничката инфраструктура.

И граѓаните на социјалните мрежи константно реагираат и се жалат на состојбата на сообраќајот на овој булевар, а на неколку пати беа објавува и фотографии на кои можеше да се види како автомобили тука возат по тротоарите и велосипедските патеки, за да го намалт времето на чекање. Сепак, како што може да се види од состојбата на терен, зафатот не изгледа дека е пред завршување и наскоро враќање во употреба на тој дел од бул. АСНОМ, а со тоа и растеретување на гужвата, во скоро време веројатно нема да има.

Останува на скопските возачи кои транзитираат од оваа сообраќајница да ги „истренираат“ своите нерви и освен проблемите со паркирање и гужвите во повеќе делови на градот, да се навикнат или барем да најдат начин да ја избегнат и оваа точка.

(Фото - Скопјеинфо)