Секој ден носи нова битка: Не го правете тоа што е лесно, туку тоа за што сте способни

Ова се работи за кои постојано треба да се борите во својот живот.

Квалитетот на вашиот карактер

Не постојат лесни цели. Целта е точка на постигнување која бара труд и вложување. Не постојат важни потфати кои не бараат одредено ниво на напор и борба. Децении од овој момент нема да се сеќавате на лесните денови, туку ќе се сеќавате само на моментите кои бараа голема пожртвуваност и за кои се боревте силно. Силата која ја пронајдовте во себе во таквите моменти е нешто што ќе го паметите засекогаш.

Не го правете тоа што е лесно, туку тоа за што сте способни. Откривајте за што сте способни секојдневно.

Искреност и вистина

Личниот раст и развој можат да бидат многу корисни, но само кога процесот на промени се заснова на искреност и вистина. Кога не сте автентични, некаде во животот или со некоја личност во вашиот живот, секој обид за раст и развој на крајот носи бес и фрустрации. Вистината секогаш ќе го најде патот до вас, таа не престанува да постои кога ја игнорирате. Преправањето и неискреноста во било кој аспект на вашето постоење само ви создаваат повеќе проблеми. Животот нема да биде на ваша страна, ако не го покажете своето вистинско лице.

Ум без завист и љубомора

Зависта и љубомората се скапи. Кога ќе им се препуштите, плаќате висока цена – лошо расположение, непродуктивен ум, комплекс на ниска вредност, па дури и нарушено здравје. Да се биде љубоморен на тоа што има некој друг, знае да биде отров кој не ви е потребен. Наместо да се фокусирате на работите кои ги немате, можете да се фокусирате како да го добиете тоа што го немате или да го подобрите тоа што го имате.

Позитивни промени

Кога се наоѓате во ситуација во која не сакате да бидете, можност за правење некаква промена е многу практична.  Искористете го своето време и енергија за да направите промена и да се ослободите од статус-кво ситуацијата во која се наоѓате. Тоа може да ви биде голема мотивација, и да ви донесе позитивно расположение. Не се фокусирајте на тоа што не го сакате, создавајте го тоа што го сакате. Не ги казнувајте оние кои ве повредиле, пуштете ги и фокусирајте се на тоа што може да ви помгоне да ја ублажите и елиминирате болката.

Вистинска љубов

Не постои сродна душа која ќе ви ги реши проблемите. Тоа треба да го направите самите. Но, животот е многу убав кога го споделувате со личност која ви значи и ја почитувате. Не ја барајте таа личност по секоја цена, кога таа ќе се појави во вашиот живот, едноставно ќе знаете. Ќе бидете среќни, релаксирани и ќе блескате.

Упорност и трпение

Пред да се откажете од нешто, размислете каква штета би било да се откажете по сиот напор кој сте го вложиле. Одморете се кога сте уморни, но не се откажувајте. Никогаш не знаете што се наоѓа по следниот чекор.