Секој ден е нова борба: Не е лесно, но не смееме да се предадеме

Живееме брзо, се оттуѓуваме од другите луѓе, се поретко се гледаме и слушаме со пријателите. Се помалку ги слушаме нашите родители кога ни зборуваат за нивното време, тоа нѐ измачува, не нѐ интересира нивната болка во грбот и колената, бидејќи и ние самите се соочуваме со истото.

Живееме од ден за ден, од понеделник до петок, за викенд и потоа пак од почеток, мразејќи го понеделникот, навикнувајќи се на вторникот и средата, заљубувајќи се во четвртокот и насмевнувајќи му се на петокот.

Некогаш се прашуваме зарем така мора, но погледнуваме околу себе и гледаме дека е исто за сите, не сме исклучок.

Но, така ли е навистина?  Не можеме ли ништо да промениме? Ќе живеме ли така засекогаш?

Не треба да е така. Не смееме да дозволиме.

Кога последен пат сме нашле време да направиме нешто што сакаме? Кога сме го оставиле телефонот во нашата чанта после работа и сосема сме заборавиле на него, до следното утро? Кога сме ги поканиле пријателите на кафе без да погледнеме ни секунда во телефонот или времето?

Не велете дека е тешко да направиме така. Не е толку тешко, не поместуваме планини, не менуваме некои тешки навики, само треба да сфатиме дека ќе си направиме услуга себеси.

Да ја пронајдеме целта во нашиот живот. Не мора да посакуваме да станеме нешто, да бидеме нешто. Доволно е да сфатиме дека заслужуваме да бидеме среќни, но и дека тоа зависи од нас самите.

Навистина, секој ден е борба, но тоа е наша борба од која не треба да се откажуваме. Не треба да му дозволуваме на животот да нѐ сомеле, туку да најдеме само миг од денот кога ќе размислиме дека вака не оди, да најдеме начин како ќе биде подобро.

Пробајте. 1 ден, 3 дена, недела или месец.

А, потоа самите одлучете што е најдобро.

air max 90 essential sale