Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка сакала денеска е почуствуван во Велес и околината.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 7 часот и 53 минути со рихтерова магнитуда од 2,5 степени кој потекнува од велешкото епицентрално подрачје.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 40 километри југоисточно од Скопје.