Сеизмолошка обсерваторија: Вакви земјотреси се случуваат на 10 до 15 години (видео)

По утринските потреси кои ги вознемирија македонските граѓани од сеизмолошката обсерваторија  велат дека нема простор за паника.

-Земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, случен на длабочина од околу пет километри со Рихтерова локална магнитуда од 3, 9 степени, почуствуван е во Скопје и околината со интензитет од 6 до 7 степени според Европската макросеизмична скала, изјави доктор Вера Чејковска од сеизмолошката обсерваторија.

Од таму додаваат дека според информациите со кои се располага, ваквите земјотреси со јачина од околу 4 степени според Рихтер се случуваат на 10 до 15 години.

-Во текот на минатиот век се имаат случено околу 10 -15. Истите, како што беше и случајот утринава, можат да бидат придружени со помали потреси. По неколку минути утрово се случи помал потрес од 2, 8 степени според Рихтер, велат од oбсерваторијата.

cheap nike free run 5.0