Кога си тинејџер не разбираш зашто твоите родиетли се напорни, те проверуваат за се и сешто, те чекаат да се вратиш од град касно навечер наместо да си легнат да спијат, не се разбираат во техник па постојано ти велат ај меморирај ми го бројов, ај те молам види на фејсбуков нешто ми се појави, што сакаш да ручаш, учи за да постигнеш нешто во живот...како не гелдам они како се снашле и колку тоа им помогнало...

И така времето поминува и доаѓа моментот кога треба да го напуштитш домот, среќен, задоволен без надзор сам свој човек.

Со мерак се си правиш си велиш е сега се ќе биде по мое нема кој да ми се меше.Е така, се до моментот додека не почнат да ти стигаат сметките.Па набрзо почнуваш да штедиш, сега точно знаеш кога започнува тарифата на евтина струја...

 Е тогаш кога мама ќе ти се јави и ќе ти рече помини до кај нас го имам направено твоето омилено јадење, стануваш благодарен. Си помислуваш превкусно е се,дури и тоа што не го јадев до сега сфаќам дека е преубаво.

Кога одиш кај нив на гости просто уживаш во тие неколку часа.

И си разамислуваш па дали се ова истите родители од пред 10 години, како денеска се толку чудесни, добри, нежни и фини...