Сеедно ми е дали некој ме сака или не...

Сѐ помалку ме допираат и сѐ помалку ме навредуваат постапките на другите луѓе, затоа што тоа си е нивна работа, а не моја. Сите ние сме одговорни само за нашите сопствени зборови и за своите дела, затоа што нашите дела зборуваат за нас и нашиот карактер. Наметливоста е непочит кон себеси и се појавува во најразлични облици, а сето тоа е заради страв од неприфаќање. 

Колку повеќе се одвојуваме од егото и колку посвесни стануваме, толку појасно ги гледаме работите. Кога мислењата и постапките на другите ќе престанат да нѐ допираат, почнуваме да се одвојуваме од егото, воедно и престануваме да трошиме енергија на погрешни луѓе и на погрешни работи, престануваме да се исцрпуваме себеси до недоглед. 

Кога ќе се ослободиме од егото ја чувствуваме нашата сопствена сила, енергијата на Универзумот, ја чувствуваме нашата поврзаност со сѐ околу нас, нашата поврзаност со Бог. Тоа е трансформација на свеста која прави вистинска разлика.