Седумдесет и две години слободно Ѓорче Петров

По повод Денот на ослободувањето на Ѓорче Петров, 14 Ноември, денеска во општинскиот Реонски парк се одржа свечена церемонија и беше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ.

На церемонијата, покрај градоначалникот Сокол Митровски, присуствуваа членовите на Советот, вработените во општината, претставници од политички партии, здруженија на борци и пензионери, семејствата на бранителите од 2001 година, како и претставници од повеќе институции и граѓани од општината.

Градоначалникот Митровски истакна дека не се забораваат оние што ја напишале македонската историја и додаде оти наша должност останува да го зачуваме она за што тие го дале својот живот.