Седум тивки симптоми кои укажуваат на сериозни болести

Нашиот организам често ни испраќа суптилни сигнали кога нешто не е во ред со нашето здравје, а тие знаци можат да бидат симптоми за озбилни болести.

Оштетени заби

Не чувствувате киселини, не консумирате газирани пијалаци, но вашиот забен плак е многу оштетен? Посетете го својот доктор и побарајте упатство за гастроентеролог.

Уште некои симптоми кои упатуваат дека имате проблеми од овој тип се почести воспаленија на грлото и константно лош здив.

Хемороиди

Ова е проблем кој не треба да го игнорирате. Морате да се консултирате со својот доктор околу правилни методи за лекување. Ако имате хемороиди кои не се повлекуваат после третман, постои веројатност тоа воопшто да не се хемороиди.

Тоа можат да бидат израстоци кои упатуваат на Кронова болест, болест на дигестивниот тракт.

Промени во ракописот

Еден од првите знаци кои укажуваат на Паркинсонова болест е промената на ракописот. Во едно обемно медицинско истражување од 2013 година, докторите од заболените од Паркинсонова болест побарале да напишат една реченица 10 пати на ист лист.

Со секое следно пишување нивните букви постојано се намалувале, а ракописот станувал се погуст. Тоа се случува поради недостаток на допамин во мозокот, што предизвикува вкочанетост на прстите. Губењето на сетилата е уште еден знак кој упатува на Паркинсонова болест.

Промени во паметењето

Повременото заборавање на некои работи не е нешто поради што би требало да бидете загрижени, но ако на секојдневна база заборавате дури и некои наједноставни работи, тогаш би требало да посетите доктор. Ваквите „дупки“ во меморијата можат да бидат први знаци за Алцхајмерова болест.

Брзо слабеење

Сте изгубиле повеќе од пет килограми, а не сте ја менувале исхраната, не сте вежбале и не сте се занимавале со активности кои поттикнуваат слабеење? Тогаш тоа губење на килограми може да биде последица на здравствени проблеми. Ако слабеењето е проследено со проблеми со варењето, морате да посетите гастроентеролог. Брзото слабеење често е последица на хипертиреоза – засилена работа на тироидната жлезда.

Брзо дебелеење

За разлика од брзото слабеење, брзото и наеднаш дебелеење најчесто може да доведе до забавена работа на тироидната жлезда. Тоа може да биде последица од Хашимотова болест, состојба во која организмот сам ја „уништува“ тироидната жлезда со антителата кои ги создава.

Крварење

Внимавајте на било какво „необично“ крварење. Искашлувањето крв, вагинално крварење, крварење во урина – сите овие работи се симптоми за сериозни здравствени проблеми, кои веднаш треба да ги пријавите кај доктор.