Седум лица повредени во Скопје

Седум лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во четири е причинета материјална штета.

Како што информира самостојниот инспектор во СВР Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција открила и санкционирала 26 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 11 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 72 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Лазо Трповски“ со учениците од второ и четврто одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.