Седум лица повредени во Скопје

Седум лица се здобиле со полесни телесни повреди во пет од вкупно 12 сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во седум е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи за време на управување на возилото не користеле сигурносeн појас или користеле мобилeн телефон, како и пет возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 39 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 59 возила.  

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ООУ „Вера Циривири Трена“ во општина Центар.