Седум градови од пет држави во петок заедно на улица во борба против загадениот воздух

За првпат во историјата, еколошките организации од целиот Балкан се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот. Седум градови од пет држави во петок на 28 февруари во 18:00 ќе излезат заедно на улица во знак на солидарност во борбата против загаден воздух

Скопје, Приштина, Призрен, Подгорица, Сарајево, Белград и Бања Лука, градови кои еднакво се погодени од загадувањето, сега се наши браќа и сестри во оваа кауза. Време е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на нашиот воздух, нашите деца и нашата иднина. За смогот граници не постојат, истото важи и за нас, се вели во најавата на протестот. 

Маршот за чист воздух почнува во петок во 18:00 пред Министерство за животна средина во Скопје.