Седнал во кафеана, завршил со повреда од оружје

В.И. (21) година од Скопје со повреди бил донесенен Градска општа болница „Наум Охридски“ откако претходно бил повреден додека седел во угостителски објект во скопската населба Чаир. 

Според информациите во денешниот полициски билтен, вчера во 16,25 часот од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје. Повредениот бил донесен во Градска општа болница од страна на Е. М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул.„Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.

Од страна на полициски службеници било  разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.