Седењето е еден од најголемите ваши непријатели

Во студијата објавена во списанието "Journal of National Cancer Institute", научниците тврдат дека лицата кои дневно минуваат неколку часа седнати имаат до 66 проценти поголем ризик од развој на некој вид на рак, од оние кои се физички поактивни.

Во истражувањето учествувале 43 испитаници, а научниците откриле дека поврзаноста меѓу седењето и ризикот за појава на рак е силна, без разлика колку некои од испитаниците биле физички активни.

Со други зборови, дури и тие кои редовно тренираат или се занимаваат со било каква физичка активност, се изложени на поголема опасност да се разболат, доколку покрај тренингот минуваат неколку часа дневно седејќи пред компјутер или телевизор.

Истражувањето открило дека повеќечасовното седење е поврзано со 24 проценти поголем ризик од развој на рак на дебелото црево, а 32 проценти со појава на рак на ендометриумот и за 21 процент поголем ризик за рак на дробовите.

Кога истражувачите ги испитувале навиките за седење, откриле дека гледањето на телевизија било поврзано со појавата на рак на дебелото црево и рак на ендометриумот.

За секои два часа кои испитаниците ги минале во седење, ризикот за рак на дебелото црево пораснал за 8, а ризикот за рак на матрицата за 10 проценти.