„Сеат леон“ изгоре во пожар во Козле

Утрово во 02.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ловќенска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Сеат Леон“, сопственост на „Порше Лизинг“.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „Пежо Партнер“, сопственост на „Ник Авто“. Во 03.15 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.