Се зголемува продажбата на становите - еве како се движат цените во скопскиот регион

Цената на станбениот квадрат во земјава е прилично различна. Очекувано, највисока е во скопските општини, а најниска е во Струга и во Кочани.

Според Регистарот на цени и зкаупнини на Агенцијата за катастар, највисока просечна цена на квадратниот метар е забележана во општина Центар од 58.345 денари. Следат Карпош (56.995 денари за квадрат), Аеродром (53.197 денари), Кисела Вода (52.736 денари) и Ѓорче Петров (43.449 денари).

Станбениот квадрат во Охрид, во просек, изнесува 38.338 денаи, а во Битола 30.313 денари.

Најевтино стан може да се купи во Струга каде квадратот чини 23.963 денари и во Кочани каде квадратен метар станбена површина се продава за 21.654 денари.

Во второто тримесечје од годинава најголем број продадени станови има во општина Карпош, односно во овој период се продадени 371 станови.