Се зголемува бројот на бракови во Македонија, а разводите се намалуваат

Вкупно 3.119 бракови се склучени во четвртото тримесечје од 2017 година што е зголемување за 6,9 отсто во споредба со истиот период од 2016 година.

Според Државниот завод за статистика, бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590 што претставува намалување за 9,8 проценти.

Во Македонија, во последниот квартал лани е регистриран позитивен природен прираст од 504 лица.

Според Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2017 година во споредба со истиот период од 2016-та е намален за 2,3 отсто и изнесува 5.352 живородени деца, додека бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12,6 отсто во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4.848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња.