Се запали куќа денеска во Скопје

Во 11 часот и 17 минути било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје избувнал пожар во куќа сопственост на 72-годишниот П.С.

Во пожарот биле зафатени  две простории од долниот кат на куќата. Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат во 12.30 часот од екипа од Бригадата за противпожарна заштита.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.