Од клима уред денеска избил пожар во црквата „Св. Архангел Михаил“ во скопската населба Автокоманда.
Пожарот е изгаснат, а интервенирано е со три возила и девет пожарникари.
Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА соопштија дека опожарени се столиците во црквата.