Четиринаесетгодишното момче од Скопје кое беше пријавено за исчезнато само се врати дома. Од МВР соопштуваат дека таткото на момчето ги известил еден ден откако беше пријавен во полиција дека е исчезнат, неговиот син се вратил дома.
Во полициската станица во Карпош пред два дена беше пријавено дека малолетник се оддалечил од семејниот дом и не се вратил назад. Ф. С. (41) од Скопје ги извести надлежните дека го нема неговиот син и полицијата започна потрага по момчето.
Но, малолетникот сам се вратил назад.