Се уште се учиме да паркираме како што треба и каде што треба

СВР Скопје и „Пајак службата“ на ЈП ПОЦ отстранија 286 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар изминатите седум дена. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

- Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците- велат од ПОЦ. 
 #паркирајсовесно