Сè уште не е донесена одлука дали утре учениците ќе се вратат во училиштата

Второто полугодие на учебната 2018/2019 година требаше да започне вчера, но Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома.

Поради големото загадување на воздухот, распустот беше продолжен за два дена, вчера и денес.

Родителите во неделата беа збунети, но и револтирани што доцна им беше кажано дека почетокот на второто полугодие се одложува, но уште повеќе од фактот што сметаат дека два дена нема ништо да променат.

За навремено да ја информираме јавноста, КУРИР денес побара одговор од заменик-министерот за образование Петар Атанасов.

-Се уште не е донесена одлука. Денес ќе имаме седница на Влада и таму ќе се одлучи. Јавноста ќе биде информирана веднаш после седницата, истакна Атанасов.

cheap nike free run 5.0