Се уште има чесни луѓе: Полни паричници, велосипеди, моторцикли на сајтот изгубено/најдено на МВР

Празни и полни паричници, велосипеди, моторцикли, акумулатори, регистерски таблички и какви уште не загубени, па најдени предмети има во полициските станици ширум Македонија.

Министерството за внатрешни работи на посебен портал изгубено/најдено дава можност граѓаните кои ги загубиле предметите да ги подигнат се разбира доколку докажат дека се нивна сопственост.

Порталот посетете го ОВДЕ.