Се уредува зеленилото на средната лента пред Клинички центар (фото)

Денес екипите на ЈП Паркови и Зеленило започнаа со акција на поткастрување на зеленилото и уредување на теренот на средната лента на булевар Мајка Тереза, пред Клинички центар, заради поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.

Акцијата се одвива во соработка со ЈП Комунална хигиена и ЈП Улици и патишта и доколку временските услови дозволат, екипите продолжуваат и утре.