Се укинува бесплатната ужинка од прво до петто одделение во училиштата во Карпош

Во сите десет основни училишта во општина Карпош, од оваа година сите ученици од прво до деветто одделение ќе добиваат субвенционирана ужинка.

Со одлука на Советот на општина Карпош, се укинува бесплатната ужинка за учениците од прво до петто оделение, а се воведува општината да покрива половина од месечната цена за ужинка за сите деца. 

Ужинките ќе бидат унифицирани за сите основни училишта во Карпош, а и цената на ужинките ќе биде еднаква за сите училишта.

– Целта на оваа ново воведена практика е сите основци од Карпош да се научат на конзумација на здрава исхрана, бидејќи ужинките кои ќе им бидат доставени се согласно сите воспоставени стандарди за здрава исхрана. На овој начин се зголемува и безбедноста на учениците од повисоките основни одделенија, кои нема да мора да се оддалечуваат од училиштата за време на големите одмори одејќи по храна и да поминуваат пофрекфентни сообраќајни улици – информираат од Карпош.