Се трага по малолетни девојчиња во Скопје, три исчезнаа во ист ден

Повторно МВР известува за случај на исчезнување на штитеници од домот „Ранка Милановиќ“, на малолетно девојче, додека пак во текот на денот исто така е пријавено на исчезнување на уште три девојчиња од Скопје.

„Т.Н. на 22 декември во 15:00 часот доставила писмена пријава во полициска станица дека на 08.12.2017 во 11:30 часот 12-годишна штитеничка на Јавната установа „Ранка Милановиќ“ самоволно ја напуштила установата и се одалечила во непознат правец, по што и се губи трага.

Во друг случај утрово во 06,14 часот во Полициска станица Чаир, М.Н.(43) од Скопје пријавил дека синоќа околу 19,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата малолетна ќерка на возраст од 15 години.

Веднаш потоа, во 06,17 часот во истата полициска станица, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека во истото време од дома во непознат правец се оддалечиле неговите две малолетни ќерки на возраст од 15 и 11 години“, информираат од МВР.