Се трага по 17-годишно девојче од Скопје

Во Полициската станица Карпош, вчера во 15 часот било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17).

Таа и претходно во неколку наврати се оддалечувала и била враќана назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.