Се судрија две возила кај Соборна, сообраќајот блокиран (фото)

На крстосницата пред Соборниот храм во центарот на Скопје пред малку се случи сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобила,пренесува Телеграф.

Фото: Телеграф

Според првичните информации, нема повредени. Во несреќата учествувале „фолксваген поло“ и „фолксваген џета“.

Полицискиот увид е во тек, по што ќе бидат познати причините за несреќата.