Се степале штитеници од ‘’Ранка Милановиќ’’

Физичка пресметка помеѓу малолетни штитеници во Скопје. Имено, вчера околу 21.00 часот воспитувачка во Јавна установа ‘’Ранка Милановиќ’’ пријавила во СВР Скопје дека во дворот на установата во с.Визбегово, скопско, дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Физички се пресметале двајца 14-годишни штитеници на установата.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.