Се сруши дел од уличката што од Владимир Комаров води кон зградата на ПИОМ

Продолжуваат критиките од граѓаните кон локалната самоуправа на општина Аеродром. Сега се реагира, освен на интензивната градба на згради, и на кршењето на прописите при градба посебно во однос на заштита и безбедност на луѓето.

- Денес се сруши дел од уличката што од Владимир Комаров оди кон зградата на ПИОМ. Според ДУП треба да никне зграда со подземни гаражи наводно на две нивоа за што сведочи длабочината со која одат што може и да се види.

Но, она што може да се види дека заштита на просторот е буквално никаква, а луѓето мора да поминуваат за да дојдат до своите гаражи. Решение нашле што ја затвориле целата уличка, а заборавиле што може да се случи со нивната барака, оти толку од прописи при градба.
Ванчо (izvor - off.net.mk)