Се спроведуваат активности за чистење на општина Центар

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ од денеска до сабота ќе  ги уредуваат јавните зелени површини во општина Центар.

Екипи од одделението „Дрвореди“ ќе работат на сечење стари и суви дрвја, како и кроење на неправилни и неуредени крошни на дрвјата на повеќе локации во оваа општина, соопшти ЈП „Паркови и зеленило“.

Активностите во општина Центар се во рамки на 14. циклус на „Паркови и зеленило“ за посета на скопските општини и дел од пролетнатта акција за чистење на општините во Скопје, со цел зголемување на степенот на чистотата и комуналната хигиена.