Се спроведува акција за чистење и уредување во општина Ѓорче Петров

Сезонските работници од Општина Ѓорче Петров деновиве работат на генерално чистење, во чии рамки се врши косење и средување на зеленилото на повеќе локации во општината.

„Во рамките на акцијата денес се изврши чистење, косење, товарање на тревата и на сметот од израснатото зеленило на потегот од стадионот „Млади лавови“ во должина од 500 метри, а се работеше и со камиони кипери кои го собираа отпадот“, соопшти Општината.

За расчистување и одржување на хигиената на целата територија на општината и одржување на јавните зелени површини се ангажирани над 60 сезонски работници.