Сè си доаѓа во свое време

И љубовта и среќата и мирот. Еден ден ќе погледнете назад и ќе сфатите дека сте се промениле. Нема да знаете ни кога ни како, но работите ќе бидат поинакви.

Нема веќе да ве болат скршените срца, бидејќи ќе ја имате вистинската личност до себе. Личноста која ве сака, ќе ја сакате и вие ништо нема да биде важно повеќе. Или работата која ќе ве направи среќни. Или едноставно мирот сам по себе ќе дојде. Со личноста која ќе станете.

Нема да ја чувствувате нервозата кога не знаете дали сте сакани назад, нема веќе да го чувствувате товарот на своите рамења.

Работите доаѓаат на свое. Можеби не веднаш, не сега, не денес...но сепак доаѓаат.

Ќе погледнете назад и ќе сфатите дека сите нешта кои ви се случиле, сите лоши ситуации и искуства ве донеле до тој момент кога конечно сте задоволни од животот.

Ве донеле до личноста која сте требале да бидете. Ве предизвикаа, ве обликуваа, конечно ве направија среќни.

Еден ден ќе дојде тој ден. Сигурно ќе дојде.