Сè што треба да знаете за жената Шкорпија

Како пријателка е лојална, а во врските страствена.

Жената Шкорпија е најсекси и најтаинствена жена од сите знаци во хороскоспот. Егзотична и магнетски привлечна, длабока како море или зависно од расположението, мирна или бурна како и самото море. Има неверојатна интуиција во себе.

Никогаш нема целосно да ја сфатите оваа жена. Таа е директна, брилијантно пресметана, бестрашна и тврдоглава. Така и ќе успее да мине преку сите препреки во животот и со крената глава да продолжи напред.

Сака јасни почетоци и јасни краеви. Самоуверените и силни Шкорпии се решени да успеат. Не бегаат од напорната работа и подготвени се да жртвуваат многу за да дојдат до својата цел.

Во љубовта, често се вели дека оваа жена е љубоморна и посесивна. Таа навистина може да покаже огромна љубомора, но тоа е затоа што смета дека флертот со друга жена е неверство. Од партнерот бара постојана верност и лојалност. Бара личност која е самоуверена и храбра. Во сексот е како амазонка, со силна страст во себе. Често и одговараат Овни и Девици, но најдобра комбинација е со Биковите.

Во пријателствата, оваа жена може да биде најголем пријател или најголем непријател. Лојалноста и е многу важна во пријателствата, но таа никогаш не заборава. Тајната која некој ќе и ја довери ќе ја чува за себе и никогаш нема да ја сподели со другите. Пријателите ги одбива многу внимателно бидејќи сака само добри пријатели покрај себе, а не и секого. За неа, не е важен бројот на луѓето околу неа, туку оние на кои може да се потпре.

Ако ја имате за партнер или пријател, веќе знаете каква сила во себе крие оваа жена.