Се што сакав беше да се бориш за мене...

Се што барав беше да се бориш за мене. Да ми ја кажеш вистината кога ќе почувствуваш дека нешто не е во ред. Да бидеш искрен за тоа како се чувствуваш за нашата врска.

Сакав да функционираме. И мислам дека знаеш дека ја кажувам вистината.

Порано бевме прекрасни. Обожавав како си одговаравме. Како се надополнувавме. Како ме сакаше.

Понекогаш сакам да се вратам во тоа време. Да се вратам на почетокот. Да се вратам на тоа лето и да се држиме за раце на дождот. Да се вратиме на срамежливите насмевки и скришните погледи.

И тогаш сакам да се вратам во времето кога работите почнаа да се комплицираат. Кога работите беа чудни и неудобни. Кога имавме повеќе паузи од муабети и повеќе тишина од контакт со очите. Кога се отиде надолу, а не ни знаевме зошто е тоа така.

Сакам да се вратам во времето кога ниту еден од нас немаше одговори.

Сакам да се вратам во времето кога се се расипа за да зборуваме. Сакам да знам што мислеше кога исчезна. Сакам да ја имам храброста да те прашам. Да направам да размислиш за тоа што навистина сакаш, наместо да носиш импулсивни одлуки.

Понекогаш се прашувам: „Дали му бев доволна? Дали бев доволно убава за него?Дали му бев досадна? Што ми фалеше?

Но, тогаш се потсеќам како се се распадна. Не, не беше до мене. И нема да паднам во мрежата на сопствените мисли. Не беше до мене.

Не беше воопшто до мене. До тебе беше.

Ти беше оној кој не се бореше. Ти беше оној кој не ми кажа што сака. Ти беше оној кој не ми даде шанса. Ти не се обиде да направиш да биде подобро.

Јас ти ја дадов секоја шанса.

Ти ја дадов секоја секунда да ми кажеш што сакаш. Да ми кажеш што ти треба. Но, ти молчеше. Ти гледаше во земја. Одеднаш, се беше завршено и тебе те немаше.

Ти едноставно се откажа.

Ти се откажа кога најмногу ми требаше. Ти се откажа кога најмногу те сакав. Тие се откажа од мене и се откажа од нас. А зошто? Тоа изгледа никогаш нема да го дознаам.

Се што сакав беше да се обидеш и да се бориш да успееме, но ти не можеше да го направиш ни тоа.