Се шири пожарот кај браната Козјак

Во атарот на селото Требовље, општина Македонски Брод, и натаму беснее шумски пожар. Се смета дека огнот има зафатено шумска површина од околу 200 хектари.

Огнените јазици се прошируваат кон хидроцентралата „Козјак“, која се наоѓа во непосредна близина на Општина Брвеница. Според очевидци, пожарот трае веќе три дена и се чека на интервенција на противпожарните екипи.