Се сеќавате на Шенки Версаче? Вака изгледа неговиот внук!

Шенки Маслани, познат под оригиналниот прекар „Версаче“ стана познат во јавноста по својата пасија кон истоимениот бренд. Тој предизвика реакции на социјалните мрежи откако објави фотографии на кои се гледа дека неговиот дом, автомобилите и комплетната облека се од светски познатиот бренд „Версаче“.

Неговиот наследник, внукот од сестра изгледа како негова минијатурна копија. Вујкото решил да ја пренесе својата љубов кон „Версаче“ на малиот, па го облекол во копмлет тренерки од брендот. Покрај тренерките, карактеристичниот златен ланец околу вратот исто така не изостана.

Играње со „Версаче“ напиша Шенки Маслани под фотографиите објавени на социјалната мрежа Фејсбук.  Се гледа дека и малиот миленик на Шенки ужива во дружбата со својот вујко.