Се сеќавате на мајмунчето Лука од Зоо Скопје, еве како изгледа сега (фото)

Скопката Зоолошка градина на својата официјална Фејсбук страна објави фотографија од мајмунчето Лука од видот павијан.

-Лука бебе и Лука сега, стои во објавата на Зоо Скопје под фотографијата на која Лука е како бебе, а има и нова фотографија од тоа како изгледа Лука сега.

Павијанот Лука кој е роден на 18 февруари 2014 година беше отфрлен од мајката, а за него се грижеа вработените во Зоо Скопје. Тој беше вистински миленик на вработените и ги освојуваше срцата на посетителите. Децата се радуваа и си играа со него.

Во август 2015 година, Лука имаше вистинска непријатност откако од Зоо Скопје беше украден од жена од Кавадарци која сакала да го подари на своето дете. Лука истиот ден беше пронајден и вратен во скопската Зоолошка градина каде и денес ужива во своето живеалиште опкружен со мајмуните од негов вид.