Се сеќавате ли на слоницата Анка која доживеа длабока старост во Скопје Зоо?

Постарите генерации со сигурност се сеќаваат на едно од омилените животни во Зоолошката градина во Скопје. 

Тоа беше слониата Анка, која доживеа длабока старост во Скопје Зоо и беше миленичката на сите посетители. 

Зоолошката градина Скопје имала слон во збирката животни, и тоа индиска слоница по име Анка, која живеела од 1964 до 1992 година.

Но, по цели 24 години, Зоолошката градина во Скопје, повторно се збогати, и тоа со две слоници, Дуња и Даела, кои постојано се атракција за посетителите.